Осминафиналето помеѓу Германија и Данска на Европското првенство накратко е прекинато.
На десетина минути пред крајот на првото полувреме натпреварот се прекина, а причина се силниот дожд и грмотевиците во Дортмунд.
Засега нема најави кога точно средбата ќе продолжи.