Исплатата на пензиите за месец јуни ќе се изврши на првиот работен ден од месец јули, односно во понеделник (01.07.2024).
Редовна пензија ќе добијат над 330.000 пензионери, а овие лица наскоро ќе добијат сериозно покачување на пензиите.
Согласно одлуката од вчерашната владина седница во месец септември ќе следи линеарно покачување на сите пензии во висина од 2.500 денари.