ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Убава вест од премиерот Мицкоски. Утре на Влада ќе се разгледува информацијата...

Убава вест од премиерот Мицкоски. Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

738

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите, соопшти владината прес-служба,

Со овој проект, како што се подвелекува, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година.

– Ваквото изборно ветување кое доби своја конечна форма ќе биде разгледано на првата седница на Владата, што ќе се одржи утре. Новата Влада останува посветена на исполнувањето на своите ветувања и продолжува да работи со посветеност за добробит на сите граѓани, се вели во владиното соопштение.