ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Србија патува дома, испадна и Хрватска: Англија прва – понатаму оди и...

Србија патува дома, испадна и Хрватска: Англија прва – понатаму оди и Словенија, заедно со Данска

275

Иако се очекуваше последното коло во групата Ц да донесе два интересни натпревари, сепак, тоа не се случи. И во Минхен и во Келн на средбите Србија – Данска, односно Англија – Словенија не донесоа голови, ниту големи возбудувања, па така Англија оди како првопласирана, додека Србија си оди дома, откако го освои последното место на табелата.

На Србија и требаше победа против Данска, но не дојде до неа. Чудниот состав со кој тргна селекторот Драган Стојковиќ не го даде очекуваниот резултат, па така во вториот дел на теренот се најдоа и Митровиќ, Влаховиќ, Тадиќ и Јовиќ, но и тоа не го даде посакуваниот резултат за нашиот северен сосед. Неколку возбудувања имаше само во финишот, но ударот на Милинковиќ-Савиќ го одбрани Шмајхел.

Во Келн, пак, Англија не доминираше ниту според играта, ниту според шансите. Англичаните исто така менуваа, во игра влезе и Палмер, но и тоа не беше доволно. Словенија, пак, успешно се одбрани и на крајот успеа да дојде до третата позиција, која ќе ги однесе во следната фаза.

ПретходнаКовачевски: Оваа Влада ги продолжува политиките на претходната (ВИДЕО)
СледнаХрватска го враќа воениот рок: „Кој не може да носи пушка, ќе носи гребло и мотика“