ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ситуацијата е алармантна: Прв случај на каснат маж од змија во Скопје...

Ситуацијата е алармантна: Прв случај на каснат маж од змија во Скопје – многумина се плашат ќе има има повеќе

8170

Педесет годишен маж кој престојувал во затворот „Идризово“ во вторникот пријавил дека е каснат од змија. Ова денеска го соопштија од Итната медицинска помош во Скопје, од каде велат дека ова е првиот евидентиран случај на каснување од змија, откако Центарот за управување со кризи (ЦУК) изминатиот период постојано апелира за појава на змии во населените места, особено низ населбите во главниот град.

„По пријава дека маж е каснат од змија, со возило на Брза помош, лицето е пренесено на лекување на Инфективната клиника во Скопје. Таму ќе биде на неколкудневен третман и опсервација“, велат од Итната медицинска помош.

Оттаму апелираат граѓаните да внимаваат каде се движат при престој во природа, како и да носат соодветна облека со цел да се заштитат од каснување од змии.

Изминатите денови, како што велат од Итната медицинска помош, е зголемен бројот на повици и на интервенции. Според лекарите, има зголемен број на сообраќајни незгоди, повреди од паѓање од тротинети, зголемен број на повизи за колепси на јавни места поради летнитее горештини.

„Работиме со намален капацитет, па затоа им се дава предност на најургентните повици“, велат од Брзата помош.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) пред неколку дена упатија апел да се внимава при прошетки во природа поради присуство на змии. Оттаму велат дека змиите најчесто бегаат од луѓето, но доколку бидат вознемирувани или случајно нагазени или наседнати тогаш може да нападнат и да каснат.

Во таков случај, додаваат од ЦУК, граѓаните по укажаната прва самопомош корисно е да се јават на единствениот телефонски број за итни случаи 112 од каде ќе бидат поврзани од итната медицинска служба и ќе добијат совет за понатамошен третман.

Особено е важно, велат од ЦУК, граѓаните да добијат медицински третман што поскоро доколку се каснати од змија која е отровна.