ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Судар на автомобил и мотоцикл во центарот на Скопје, тешко повредено едно...

Судар на автомобил и мотоцикл во центарот на Скопје, тешко повредено едно лице

362

На 19.06.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(23) од Скопје и мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(25) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Д., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПретходнаСе огласи ФФМ: Го повикуваме албанскиот репрезентативец Даку да се извини, ќе реагираме и до УЕФА
СледнаСин си ги убил родителите во Хрватска