ПОЧЕТНА СПОРТ Македонските јуниорки го отворија СП со убедлива победа над САД

Македонските јуниорки го отворија СП со убедлива победа над САД

18

Македонската женска ракометна репрезентација ја обезбеди првата победа на Светското У-20 првенство, кое денеска започна во нашата земја.

РФМ ја доби одговорноста и честа да го организира силниот мундијал во младинска конкуренција, а нашата репрезентација го започна настапот со победа над селекцијата на Соединетите Американски Држави (32:15).

Македонките ја оправдаа фаворитската улога и првиот дел го завршија со предност 15:6, за во продолжението дополително да биде зголемена позитивата.

Најефикасни на натпреварот во нашата репрезентација биле Борјана Коцева со 9 и Ива Младеновска со 7 голови.

Единствен негативен момент за нашата селекција е повредата на Бојана Коцева.

ПретходнаТинејџер загина во сообраќајка на патот Куманово-Липково
СледнаДваесет и петгодишен војник починал откако му се слошило на полигонот Криволак