ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР „Леташе“ орли пред навивачтие на Србија, па сега ќе лета порано дома:...

„Леташе“ орли пред навивачтие на Србија, па сега ќе лета порано дома: Косовскиот новинар избркан од Европското првенство

19

Оваа драстична казна за новинарот пристигна поради неговата провокација кон навивачите на Србија за време на дуелот против Англија.

Косовскиот новинар Арлинд Садику нема да може повеќе да известува од Европското првенство во Германија откако организаторот реши да му ја поништи акредитацијата.

Тоа значи дека Садику нема да може да влезе како новинар на денешниот меч меѓу Албанија и Хрватска, но и на ниту еден друг натпревар до крајот на шампионатот.

Оваа драстична казна за новинарот пристигна поради неговата провокација кон навивачите на Србија за време на дуелот против Англија.

Од Фудбалскиот сојуз на Србија веднаш потоа стигна и реакција до УЕФА поради однесувањето на косовскиот новинар Садику, кој ја понижил новинарската професија, но и УЕФА.

ПретходнаТешко повреден маж од Велешко, изгубил контрола врз возилото, удрил во бетонска ограда, па во паркиран автомобил
СледнаСтраотна несреќа ја потресе Македонија: 19-годишно момче го загуби животот