ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА 17-годишно девојче од Кавадарци се одјавило од интернат и не се вратило...

17-годишно девојче од Кавадарци се одјавило од интернат и не се вратило дома, не е достапна ниту на телефон

120

Четириесет и петгодишна жена од Кавадарци пријавила во полиција дека на 6 јуни, нејзината 17-годишна ќерка се одјавила од средношколскиот интернат и заминала кај К.Ѓ.,19-годишно лице од Битола, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Според пријавеното, таа неколкупати стапила во контакт со неа, но, потоа престанала да одговара на телефонските повици и до пријавувањето, не се вратила дома.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето.

ПретходнаМечка е усмртена од возило на патот Гостивар – Охрид
СледнаТешко повреден маж од Велешко, изгубил контрола врз возилото, удрил во бетонска ограда, па во паркиран автомобил