ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Уапсени двајца прилепчани, и се заканувале на сограѓанка со пиштол!

Уапсени двајца прилепчани, и се заканувале на сограѓанка со пиштол!

84

На 17.06.2024 на ул.„Борка Талески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.Р.(27) и Д.Д.(33), двајцата од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на денот со пиштол се заканувале на 35 – годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што била вработена.

Кај нив биле пронајдени и одземени два пиштоли.

Исто така, С.Р. бил баран и по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и напад со остар предмет на чувар во затворот во април оваа година.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПретходнаГраѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
СледнаТриупновски: Моја цел ќе биде земјоделство на среќни земјоделци, богати и достоинствени