ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Орхан Муртезани министер во за евроинтеграции – Сафије Садики Шаини заменик-министер за...

Орхан Муртезани министер во за евроинтеграции – Сафије Садики Шаини заменик-министер за етнички заедници

147

На денешниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива се разговараше за името на кандидатот на Алтернатива за министер во Министерството за европски прашања, притоа едногласно се одлучи кандидат на Алтернатива за овој ресор да биде Орхан Муртезани, поранешен Генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен Секретар за односи со јавноста и Портпарол на Алтернатива.

На оваа средба се разговараше и за кандидатот за заменик министер на Министерството за образование и наука, каде исто така едногласно се одлучи да биде Проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.

Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини – универзитетски професор, поранешен пратеник и потпретседателка на Алтернатива.

На средбата се разговараше и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да ипретседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседастел на Алтернатива.