ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Од Кавадарци започна претставувањето на кандидатите за претседател на СДСМ

Од Кавадарци започна претставувањето на кандидатите за претседател на СДСМ

65

Во пресрет на Конгресот на 30 јуни, од Кавадарци започна претставувањето на кандидатите за претседател… Деспотовски, Филипче, Петровска и Бајдевски ги претставија своите програми пред членството.

„Потребна е промена на организациската поставеност за поголемо вклучување на членовите“, порачал Филипче..

„За СДСМ да се врати како силна политичка партија мора јасно да дефинира став по клучните прашања и да покаже дека вистински се грижи за интересите на своите членови и граѓаните“,изјавил Јован Деспотовски..

Во програмата Славјанка Петровска ветува прогресивни политики во СДСМ, како и враќање кон корените на социјалдемократијата.

„Еден од стратешките чекори што треба да ги направиме е да ја вратиме препознатливоста на СДСМ.“, порачал меѓу другото, Александар Бајдевски.