ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Италија го преживеа првичниот шок и славеше против Албанија

Италија го преживеа првичниот шок и славеше против Албанија

89

Италија, како актуелен европски првак, успешно ја започна одбраната на титулата. И покрај раниот шок во Дортмунд после само 23 секунди, кога Недим Бајрами го совлада Донарума, „аѕурите“ се вратија и победија со 2-1 благодарение на головите на Алесандро Бастони и Николо Барела од Интер.

Бајрами ја искористи грешката на Димарко и го изненади европскиот шампион на почетокот на натпреварот со најбрзиот гол во историјата на европските првенства во 23. секунда.

Италија, сепак, брзо се врати во мечот, со голот на Бастони во 11. минута, а потоа Барела со одличен гол го реализираше пресвртот само пет минути подоцна.