ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Дончиќ и Далас не се предаваат – го прегазија Бостон и останаа...

Дончиќ и Далас не се предаваат – го прегазија Бостон и останаа во игра во финалето!

14

Кошаркарите на Даалс на свој паркет ја победија екипата на Бостон со резултат 122:84 и така ја намалија предноста на Селтикс во финалната серија од НБА лигата.

Имаше Бостон предност од 3:0 по првата финалана серија, направија и брејк, но Далас не дозволи вторпат да биде поразен во Тексас. Далас не само што победи, туку тоа го направи убедливо бидејќи славеше со 38 разлика и тоа е третата најубедлива победа во историјата на финалињата во НБА. Победата Дончиќ и друштвото ја највија по 24 минути играа кога на пауза заминаа со 61:35.

Играше Далас цврсто во одбраната и беше добро организиран, гостите имаа проблеми и никако не успеваа да влезат во ритам.

Во еден момент разликата изнесуваше и 48 поени. Расположени во редовите на Далас беа Дончиќ и Ирвинг кои заедно уфрлија 50 поени Репрезентативецот на Словенија 29, а Американецот 21, иако шутот за три поени не им одеше (Дончиќ 0/8, Ирвинг 1/6). Кај Бостон најефикасен беше Тејтум со скромни 15 поени, додека Сем Хаузер додаде 14.

Серијата во следниот натпревар се враќа во Бостон па така Селтикс пред своите гледачи ќе имаат можност да стигнат до 18. титула во НБА.