Aктуелниот европски шампион Италија има водство од 2-1 на полувреме против Албанија на „Сигнал идуна“ паркот во Дортмунд, на натпреварот од 1. коло од групата Б на Европското првенство во Германија.
Фудбалерите на Албанија стигнаа до шокатно водство од 1-0 откако уште во 23. секунда Бајрами го матираше Донарума. Овој гол е и најбрз во историјата на Европските првенства.
Целосен пресврт направи уште еден фудбалер на Интер, Николо Барела (2-1) со својот погодок во 15. минута.