ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Надал нема да игра на Вимблдон, има друг приоритет

Надал нема да игра на Вимблдон, има друг приоритет

31

Рафаел Надал нема да настапи на овогодишеното издание на Вимблдон, турнир, грен слем кој е најпрестижен на тениската сцена.

Шпанецот долго време беше повреден и во оваа 2024 година се обидува да се врати, но на сите настани на кои досега настапи видовме само блесоци, односно е јасно дека го нема повеќе оној стариот Надал, човекот кој има 22 пехари на грен слен турнирите.

Сепак со оглед на победничкиот менталитет тој продолжува да си поставува предизвици и сега фокусот за него се ОИ во Париз.

Токму поради ова ќе го скокне Вимблдон кој се игра на трева, подлога која е поразлична од онаа на која ќе бидат игрите во Франција. Тоа би било голема промена во краток временски период, па Рафа има поставено приоритет, поточно целта се ЛОИ каде ќе игра во сингл и во дубл заедно со Карлос Алкарас.

Бикот од Мајорка има две медали од ОИ и тоа во двете конкуренции во 2008 и 2016 година.