ПОЧЕТНА СВЕТ Маж се самозапали пред зградата на хрватската влада во Загреб

Маж се самозапали пред зградата на хрватската влада во Загреб

37

Маж се полеа со бензин и се запали на плоштадот во Загреб на кој се наоѓа зградата на хрватската влада, објавија тамошните медиуми. Од болницата каде што бил префрлен изјавија дека мажот е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот.

Еден очевидец изјави дека го видел мажот како се полева со течност во непосредна близина на зградата на владата.

„Тој беше видно растроен додека го правеше тоа. Обезбедувањето многу брзо беше известено што се случува, но пред да тргне кон него, мажот веќе беше зафатен со оган“, изјави очевидецот.

Министерот за здравство Вили Берош изјави дека запалениот маж е во тешка состојба.