ПОЧЕТНА СВЕТ Голем пожар на Кипар, евакуирани населени места

Голем пожар на Кипар, евакуирани населени места

23

Голем пожар избувна во близина на градот Пафос во западниот дел на Кипар, нанесувајќи штета на домови и превентивно беа евакуирани неколку населени места. И покрај интервенциите од копно и воздух, огнените јазици засега се вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот е во непрооден дел, гори сува трева, ниска вегетација и дрвја, а според портпаролот на противпожарната служба на Кипар Андреас Кетис, земјата побарала помош со воздушни средства од Јордан, Израел, Грција и механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека на Кипар испраќаат два канадера.