ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Делови од Македонија од денеска во портокалова и жолта фаза

Делови од Македонија од денеска во портокалова и жолта фаза

17

Македонија влезе во топлотен бран, југот и југоистокот на земјата е во портокалова фаза, а на сила се препораките за заштита на населението.

Во Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран се препорачува, ослободување на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во градинките пак, да не се изнесуваат децата на отворено, а се потсетуваат и работодавачите од производните и технолошките процеси да ги почитуваат законските прописи…

– Ослободување од работните обврски на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во градинките да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11.00 до 17.00 часот, Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи да помагаат на осамени, стари, изнемоштени и на бездомни лица. Исто така со препораките се потсетуваат работодавачите од производните и технолошките процеси на обврската за почитување на законските прописи.

Во местата со жолта фаза како Скопскиот регион пак, ќе важат општите препораки како што се консумирање на лесна храна, поголемо внесување на течности, носење на лесна облека, избегнување престој на отворено од 11 до 17ч….Зголемен е и бројот на повици во итната медицинска помош посочува д.р Ѓорѓи Карамановски од поликлиниката Букурешт. Најчести се повиците за колапси и губење свест на јавни места, па затоа тој апелира особено внимателни да бидат хронично болните лица.

– Ако почувствуваме дека имаме некаква вртоглавица, нестабилност или состојба каде чусвствуваме дека губиме свест прво и основно е да си помогнеме самите на себе, да се тргнеме некаде на страна, да седнеме, да се раскопчаме и ако е можно и да легнеме, нозете да бидат малку повисоко во однос на телото, да се напиеме течност ако има нешто солено да каснеме на тој начин ќе го покачиме притисокот. – Д-р. Ѓорѓи Карамановски – поликлиника Букурешт

Повеќе фонтани и дрвја, бараат граѓаните за справување со топлотниот бран. Оние кои ги анкетиравме се пожалија и на состојбата со фонтаните во градскиот парк во Скопје, со оглед на тоа што има неколку што воопшто не се во фукнција.

– Нормално дека треба повеќе да има и да ги одржуваат, инаку никој не ги ни одржува се се распаднати, некои се искршени неможеш да се напиеш вода. – Повеќе фонтани и повеќе дрвја, бидејќи местата каде што има повеќе дрвја како што е овој дел имаме природна сенка и е издржливо и убаво . Може да се пошуми тој појас што е покрај кеј, има простор за тоа и ќе биде се поразлично, барем неколку степени ќе се намали температурата.

Од УХМР најавуваат дека високите температури наместа и до 40 степени ќе се задржат до четврток, по што во петок ќе следува пад на температурите и дождливо време.