ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Апел за помош на семејството Богановски од Јурумлери чиј дом изгоре во...

Апел за помош на семејството Богановски од Јурумлери чиј дом изгоре во пожар

153

На 4 јуни, во 4 часот наутро во пожар целосно изгоре домот на семејството Богдановски во Јурумлери.

Пожарот за миг ја пеплосал скоро целата куќа во која живеат Зоран со неговата ќерка, зет и внучиња кои биле во домот за време на пожарот и за среќа успеале да излезат неповредени.

Во посета на семејството беше градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Денес сме во посета на семејството Богдановски чиј дом пред неколку дена беше зафатен од пожар и изгоре. Како локална самоуправа ќе дадеме соодветна финансиска поддршка со цел возобновување на овој дом. Ја користам оваа прилика, да ги поканам сите хумани, сите добронамерни луѓе и градежни компании да дадат поддршка со цел семејствата побрзо да се вратат во нормалниот тек на функционирање“, изјави Стефковски.

Сите хумани граѓани имаат можност да донираат на следната сметка која е на ќерката на Зоран:

270-7000494939.08 – Халк Банка, со ознака донации на име на Маја Ѓорѓиев.