ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Штипскиот кардиохирург Сашко Николов спаси живот во Суботица на кошаркарски натпревар

Штипскиот кардиохирург Сашко Николов спаси живот во Суботица на кошаркарски натпревар

150

Штипскиот кардиолог Сашко Николов, кој воедно во минатото беше и градоначалник на Штип, спаси живот на лице за време на меѓународен турнир во кошарка за ветерани во Суботица.

Локалната телевизија Стар од Штип објави дека откако натпреварот завршил, еден од учесниците на турнирот се струполил од масивен срцев удар. Лицето практично не давало никакви знаци за живот се’ додека не се појавил доктор Николов, кој и самиот е учесник на овој турнир како кошаркар.

Брзата и стручна реакција биле клучни да се спаси животот на кошаркарскиот ветеран.

Со ова Николов направи уште еден професионален подвиг и ги освои срцата и симпатиите на сите присутни, но и на пошироката јавност која многу бргу дозна за случајот. На пригодна свеченост тој доби пофалница, медал и аплаузи од жителите на Суботица.