ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се реконструираат неколку улици во село Драчево, ќе бидат готови за десетина...

Се реконструираат неколку улици во село Драчево, ќе бидат готови за десетина дена

28

Во општина Кисела Вода продолжува обновата на патната инфраструктура, со која според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе бидат опфатени сите населби и населени места. Денеска Ѓорѓиевски беше на увид во градежните работи што се одвиваат во село Драчево, каде во тек е реконструкцијата на улиците Солунска Глава, Тошевска, Шиндаровска и на крак од улицата Илија Ристевски.

На оваа локација, на површина од околу 5000 квадратни метри вршиме реконструкција на неколку сообраќајници, за кои три децении жителите до локалната власт пријавувале потреба од санација, од реконструкција, но за жал тоа досега не се случило. Задоволен сум од динамиката на работа и можам да кажам дека за десетина дена ќе финализираме со реконструкцијата на овие улици. Сите наши жители заслужуваат достоинствени услови за живот и ние продолжуваме интензивно да работиме и да го менуваме на подобро ликот на општина Кисела Вода – вели градоначалникот на Кисела Вода.