ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР ПРОБЛЕМ пред дуелот со Чешка: Се повреди најдобриот играч на Македонија

ПРОБЛЕМ пред дуелот со Чешка: Се повреди најдобриот играч на Македонија

272

Напаѓачот на македонската репрезентација и голгетер на шкотски Абердин Бојан Миовски, се жали на болки во зглобот и поради тоа нема денеска да биде во стартниот состав за пријателската со Чешка.

Македонија ѝ гостува на Чешка од 18 часот во Храдец Кралове, а Миовски беше планиран да почне од почеток во нападот, како што беше случај и во Риека против Хрватска.

Но, штипјанецот се жали на болки во зглобот на ногата и поради тоа нема да се најде во стартниот состав, соопшти ФФМ.

Селекторот Милевски против Хрватска стартуваше со Александар Трајковски заедно со Миовски во нападот. Опција му е Милан Ристовски, а тука се и крилните напаѓачи Дарко Чурлинов, Димитар Митровски и Лирим Ќамили.

Натпреварот Чешка – Македонија (18 ч.) ќе биде директно пренесуван на МРТ3.