ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Вардарски има ново раководство, Беќаров ќе ја води екипата во ВМФЛ

Вардарски има ново раководство, Беќаров ќе ја води екипата во ВМФЛ

26

Екипата на Вардарски од Богданци обезбеди место во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) преку баражот и почна да се екипира за новата сезона која е голем предизвик за сите во клубот.

За нов претседател на клубот е назначен Бојан Каракамишев, додека за секретар именуван е Славе Танов. Се разговара со повеќе играчи и потенцијални засилувања кои ќе го понесат товарот на настапот во ВМФЛ.

За нов член на стручниот штаб е именуван Васе Беќаров кој доаѓа од редовите на струмичка Беласица. Се работи за тренер кој ја поседува највисоката лиценца во светскиот фудбал според ФИФА/УЕФА стандарди ПРО лиценца.

Беќаров е тренер со долгогодишно искуство, а зад своето тренерско резиме може да се пофали со работа како селектор на У-17 репрезентацијата на Македонија, селектор на аматерската репрезентација на Македонија и секако шеф на стручниот штаб на гевгелиски Кожуф цели шест години, што во денешниот македонски фудбал е вистинска реткост.