ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЈА ИЗБОДЕ 40 пати – Во кумановскиот затвор се самоуби убиецот на...

ЈА ИЗБОДЕ 40 пати – Во кумановскиот затвор се самоуби убиецот на Танкица Маладеновска од Кочани

154

Усеин Рашидов кој лани на свиреп начин ја уби Танкица Маладеновска од Кочани, утринава е пронајден мртов во притворската ќелија.

Ненад Цветковиќ директор на Затвор Куманово во селото К’шање за МИА ја потврдува информацијата дека телото на осуденото лице е пронајдено околу 6 часот.

Посочува дека се известени јавното обвинителство и судот, а телото е предадено на обдукција.

Рашидов беше осуден на доживотна казна затвор за стореното свирепо убиство, кој лани со 40 убоди ја усмрти Танкица.

Пресудата на Основниот суд во Кочани се уште не е правослина, бидејќи течат жалбените постапки, а во овој суд во тек беше и постапката за Рашидов за сторено кривично дело уцена, бидејќи со години изнудувал пари и ја уценувал Танкица со компромотирачки фотографии.