ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА За прв пат полошка рурална општини доби противпожарна единица

За прв пат полошка рурална општини доби противпожарна единица

27

Општина Желино доби дисперзирана единица под капата на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово. Целта е како што велат локалните власти пожарникарите за многу пократко време да стигнат од местото на пламените јазици кои се почесто ги има во овој период од годината на планините Жеден и Сува Гора.

Општина Желино на ТППЕ-Тетово им отстапи простор во дворот на општината, каде се поставени нови монтажни објекти кои ќе бидат канцеларии за пет пожарникари.

Градоначалниокот на Општина Тетово Билал Касами рече дека планот е сите рурални општини од полошко да имаат свои потстаници кои понатаму ќе бидат финансирани од самите локалните самоуправи.

„Имајќи предвид дека покриваше многу широка територија, увидовме за потребно да имаме вакви дисперзирани единици. Ова е првата која ќе ја покрива територијата на Општина Желино. Во следниот период во договор со општините во Теарце ќе треба да се отвори иста ваква единица која ќе покрива истовремено општините Теарце и Јегуновце и во Боговиње која ќе покрива општини Боговиње и Брвеница. Цениме дека ќе бидеме поблиску до граѓаните ако има потреба да се интервенира побрзо за да се спаси живот или имот на граѓаните. Според новата систематизација се работи сега за Бригада и ќе има единици во рамките на овие општини и ќе има потреба од нови вработувања. По потреба ќе одиме со пополнување на дополнителниот број потребни работни места и со тоа овие единици ќе бидат со полн капацитет и со 24 часовна служба на граѓаните“, истакна Касами.

Командирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети, рече дека во Желино ќе дежура екипа од 7 до 19 навечер.