ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Од пауза на пауза: Собранието ќе продолжи да работи и после полноќ

Од пауза на пауза: Собранието ќе продолжи да работи и после полноќ

145

Собранието вечерва ја продолжи втората седница, на која се расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, предложен од Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, веднаш по почетокот на говорница излезе пратеникот на Левица, Борислав Крмов кој побара едночасовна пауза, повикувајќи се на член на Деловникот за работа на Собранието, за како што кажа да се забави носењето на Законот.

На ова претседателот на Собранието, Африм Гаши даде пауза од еден час.

Се очекува седницата да продолжи десетина минути пред полноќ.

За донесување на Законот се потребни 80 пратенци, бидејќи се работи за системски закон.