ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вооружен грабеж во банка во „Скопјанка“

Вооружен грабеж во банка во „Скопјанка“

221

Вооружен крадец со пиштол денеска претпладне ограбил банка во трговскиот центар „Скопјанка“ во скопската населба Аеродром.

Денеска (04.06.2024) во 11.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари, соопшти МВР.

Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.