ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Изненадување на Ролан Гарос, елиминиран Медведев

Изненадување на Ролан Гарос, елиминиран Медведев

47

Алекс Де Минор го победи Данил Mедведев во осминафиналето на Ролан Гарос.

Медведев добро го започна мечот и поведе со 0:1, но подоцна дојде во пад во неговата игра, а тоа го искористи австралискиот тенисер.

Де Минор во вториот сет му дозволи само еден гем на Русинот, а во исто темпо продолжи и во третиот сет.

Во четвртиот сет Де Минор направи брејк, Медведев возврати, но потоа со уште два брејка Австралиецот го реши мечот.

Во четвртфиналето Де Минор ќе игра против Александар Зверев или Холгер Руне.