ПОЧЕТНА СВЕТ Орбан: НАТО наместо да нè штити не вовлекува во светска војна

Орбан: НАТО наместо да нè штити не вовлекува во светска војна

285

Намерата на НАТО да покаже поголема емпатија кон Украина во конфликтот со Русија наликува на постапките на пожарникар кој се обидува да изгасне пожар со ПП апарат, изјави денеска премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Тој, во контекст на денешниот состанок на министрите за одбрана посветен на воената помош за Украина, истакна дека „НАТО секоја измината недела се доближува до војна“.

Според Орбан испраќање француски воени инструктори во Украина и дозволување на украинската војска да користи западно оружје во нападите врз руски цели се „вознемирувачки идеи“ кои го доближуваат НАТО до војна.

– Мисијата на НАТО во Украина создава опасност од светска војна, наместо да ги штити земјите членки на алијансата. Апсурдно е НАТО да не вовлече нас, земјите-членки во светска војна наместо да не штити, посочи Орбан за унгарското државно радио.