ПОЧЕТНА СВЕТ Неколку лица повредени во напад со нож во Германија

Неколку лица повредени во напад со нож во Германија

58

Маж со нож нападнал и повредил неколку лица на плоштадот во Манхајм на југозападот на Германија, соопшти денеска германската полиција.

Надлежните потврдија дека напаѓачот е застрелан и повреден.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 11:30 часот и засега не можат да кажат колку лица се повредени, ниту колку се сериозни повредите. Меѓу повредените има и полициски службеник.

Групата наречена Граѓанско движење Пакс Европа, која се опишува себеси како организација која ја информира јавноста за „опасноста од зголеменото ширење и влијание на политичкиот ислам“, рече дека нападот се случил на собирот што тие го организирале.

Според Мајкл Штирценбергер, антиисламски активист кој претходно зборувал на нивните настани е меѓу повредените.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер рече дека истрагата ќе го утврди мотивот зад нападот. Таа во изјавата рече дека доколку истрагата покаже исламистички мотив, тоа ќе биде уште една потврда за опасноста од исламистички акти на насилство за кои тие предупредија.

„Насилството е апсолутно неприфатливо во нашата демократија“, напиша германскиот канцелар Олаф Шолц на мрежата „X“, додавајќи дека „сликите од Манхајм се ужасни“.

Инцидентот се случил во центарот на Манхајм, град со околу 300.000 жители кој се наоѓа јужно од Франкфурт.