ПОЧЕТНА ЗАБАВА (ВИДЕО) Скопската зоолошка го одбележа Светскиот ден на морските лавови

(ВИДЕО) Скопската зоолошка го одбележа Светскиот ден на морските лавови

38

Зоолошката градина во Скопје денеска го прослави Светскиот ден на морските лавови, информираат на нивната страница на „Фејсбук“.

– Денеска го прославуваме Светскиот ден на морските лавови заедно со нашите омилени Кан и Гете. Нивните медицински тренинг и хранење може да се погледнат секој ден од 11 и 14 часот, освен во петок кога се празни и чисти базенот, а тие уживаат во третман со солена вода во малите базени, појаснуваат од Скопската зоолошка.

Оттаму апелираат граѓаните да бидат добри посетители и да не фрлаат ништо во живеалиштето на морските лавови.