ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Почина една од најубавите актерки: Анастасија ја изгуби битката со ракот на...

Почина една од најубавите актерки: Анастасија ја изгуби битката со ракот на 53 години

257

Актерката и водителка Анастасија Заворотњук почина на 30 мај, по долго боледување, на 53-годишна возраст, јавуваат светските медиуми.

Анастасија беше руска актерка и телевизиска водителка, а важеше за една од најубавите жени во светот. Телевизиската публика ја запамети по главната улога во серијата „Мојата убава дадилка“ (2004–2009). Информацијата за смртта на актерката за „ТАСС“ ја потврди Станислав Христов.

„Драги пријатели! Невозможно е да се разбере и многу е тешко да се најдат вистинските зборови. Нашата Настја почина вечерва по долго и тешко боледување. Му се заблагодаруваме на секој од вас што искрено посакуваше добро, се молеше за здравје и веруваше. Настја секогаш ја чувствуваше и навистина ја ценеше вашата поддршка“, стои во објавата на страницата на актерката ВКонтакте.

Во објавата не е наведено местото и времето на погребот и комеморацијата, па јавноста ќе биде благовремено информирана.

Еден од руските портали стапил во контакт и со нејзината мајка, која во солзи накратко рекла:

– Сега не можам ништо да кажам – изјавила таа.