ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА БОМБА на Меџити: Во новото мнозинство ќе бидат тројца-четворица пратеници од Европски...

БОМБА на Меџити: Во новото мнозинство ќе бидат тројца-четворица пратеници од Европски фронт

1841

Дел од новото парламентарно мнозинство ќе бидат и тројца, можеби четворица пратеници од Европскиот фронт на Али Ахмети, изјави Изет Меџити, лидер на Демократско движење, партија која е дел од коалицијата Вреди. Според него, ДУИ го формираше Европскиот фронт за да опстане како фактор на политичката сцена.

Во интервју за A2 Си-Ен-Ен (А2 CNN) Меџити вели дека Европскиот фронт не е создаден врз идеолошка основа, туку за да опстанат и ДУИ да биде дел од Владата.

„Европскиот фронт не го обедини ниту идеологијата, ниту програмата, туку за да опстанат тие партии. Сега, кога е јасно дека нема да бидат во власта, мисијата е пропадната и започнува распаѓањето на Европскиот фронт. Така што веќе можам да кажам дека од тие 18 пратеници што ги доби овој фронт, тројца – четворица со едната нога се дел од новото мнозинство. Сега нема да ги кажам нивните имиња, но таму има две турски партии, а турската заедница нема капацитет и потенцијал да остане четири години во опозиција. Тие секако дека се гледаат себе си во идната влада. Има и некои други пратеници кои се со Ахмети, кои во минатото се тепале и се убивале меѓу себе, предизвикувале жртви кај Албанците и тешки последици. Заедно се засега, беа здружени за да опстанат. Но, мисијата на Европски фронт е пропадната“, изјави Изет Меџити.