ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Препукување меѓу Апасиев и Мицкоски за изборот на Гаши за претседател на...

Препукување меѓу Апасиев и Мицкоски за изборот на Гаши за претседател на Собранието

251

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вели дека сите шестмина пратеници би дале поддршка да не биде Африм Гаши претседател на Собранието само за да се спречи косоваризација на македонскиот Парламент.

„Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка, на невидено, само за да не биде повторно косоваризиран македонскиот парламент. Противуставно е да се зборува на друг јазик освен македонскиот кога се претседава со седница“, рече Апасиев.

Вака Мицкоски го коментираше ставот на Апасиев:

– Димитар Апасиев имаше бланко понуда да се придружи кон македонското национално единство, тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива, дали на Хургада, дали на некоја друга грчка плажа. Како што изјави еден од неговите поранешни сопартијци дека „тие биле една група на џанаци“, така ѝ продолжува да се однесува, изјави Мицкоски.