Ниту збор од 18 пратеници на коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ на денешната конститутивна седница на Собранието. Соопштение не пристигна до 21 часот ниту од партијата. Со Фејсбук реакции се јавија само дел од членовите на СДСМ кои јавно откриваат дека имаат желба да ја преземат партијата, односно да го заменат актуелниот претседател во оставка Димитар Ковачевски.
Пратениците денеска беа присутни во сала, но не гласаа за изборот на претседател на Собранието.
На Фејсбук пак неколку од избраните пратеници меѓу кои и Венко Филипче, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи објавија објави со фотографии од конститутивната седница.