ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Молк од СДСМ и избраните пратеници за конститутивната седница – само се...

Молк од СДСМ и избраните пратеници за конститутивната седница – само се сликаа и објавија на Фејсбук

137

Ниту збор од 18 пратеници на коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ на денешната конститутивна седница на Собранието. Соопштение не пристигна до 21 часот ниту од партијата. Со Фејсбук реакции се јавија само дел од членовите на СДСМ кои јавно откриваат дека имаат желба да ја преземат партијата, односно да го заменат актуелниот претседател во оставка Димитар Ковачевски.

Пратениците денеска беа присутни во сала, но не гласаа за изборот на претседател на Собранието.

На Фејсбук пак неколку од избраните пратеници меѓу кои и Венко Филипче, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи објавија објави со фотографии од конститутивната седница.