ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Миовски: Хрватска против нас ќе игра како да сме на Европско првенство

Миовски: Хрватска против нас ќе игра како да сме на Европско првенство

40

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за два пријателски натпревари против селекции кои ќе играат на Европското првенство.

ФФМ ги договори дуелите со Хрватска и Чешка за испитување на нашите сили, а токму тоа го нагласи и Бојан Миовски. Штипјанецот зборуваше дека натпреварите против големите европски репрезентации секогаш се добредојдени.

„Знаеме против каков ривал играме. Хрватска е оргомна репрезентација, на големите турнири секогаш игра одлично. Мислам дека овие два натпревари ќе бидат одлични тестови за нас, да видиме до каде сме и дали во иднина би можеле пак да се натпреваруваме на големите собири. Секогаш играме подобро против големите репрезентации. Хрватска се подготвува за настап на ЕП, па против нас ќе излезе мотивирано како да сме на турнирот. Тоа ќе биде навистина добро за нас. Капитенот Барди ќе отсуствува и недостига. Мислам дека на средината имаме млади играчи кои ќе го пополнат местото. Што се однесува до Хрватите, тие имаат неверојатни фудбалери на сите позиции од најсилните лиги. Ќе биде навистина голем тест за нас, особено за младите да играат против такви ѕвезди“, изјави Миовски.

Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска се игра во Ријека на 3. јуни, додека седум дена подоцна ѝ гостуваме на Чешка.