ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Димитров: Ниту грчките ниту македонските власти нема да го урнат мостот изграден...

Димитров: Ниту грчките ниту македонските власти нема да го урнат мостот изграден со многу напор

230

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, за неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, потенцира дека по Преспанскиот договор, граѓаните се чувствуваат изневерени бидејќи ЕУ не успеала да го одржи ветувањето и да започне пристапни разговори со Северна Македонија.

Ниту Нова демократија ниту ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да го урнат напорно изградениот мост преку Договорот од Преспа и тоа е позитивно, вели во интервју за „Катимерини“, поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Тој за неделното издание на грчкиот весник потенцира дека по Преспанскиот договор, граѓаните се чувствуваат изневерени бидејќи ЕУ не успеала да го одржи ветувањето и да започне пристапни разговори со Северна Македонија, а на тоа се надополнува и ветото од Бугарија.

„Импресивно е колку малку се свесни и во Грција и во Северна Македонија за тоа колку беше тежок компромисот за другата страна. Секоја страна ги признава само своите отстапки. Позитивно е тоа што ниту Нова демократија ниту ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да го урнат мостот што со толку напор го изградивме. Двете страни ги уживаат плодовите на Договорот, а во исто време ги обвинуваат нивните претходници за слабостите што се констатираат. Сепак, долгорочно, мостот без грижа и одржување може да се оштети. Клучната состојка овде ќе биде одговорно раководство за да ги донесе поблиску двете реалности“, вели Димитров.

Тој смета дека се неопходни преговори, средби, отворено разменување мислења, добра волја и комуникација зад затворени врати, а не преку јавни изјави.

Поранешниот министер за надворешни работи вели дека од три фактори ќе зависи дали новата влада ќе може да се движи во правилна насока и да има напредок во интеграцијата во ЕУ.

ПретходнаДетектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста но не го забрза патот до ЕУ
СледнаИзраелската армија уби 14-годишен Палестинец на Западниот Брег