Попладнево е намален бројот на возила за влез во Грција преку граничниот премин Богородица, покажува камерата на овој премин. Кој планирал празникот да го поврзе со викендот веќе од вчера или од утрово е некаде на Егејското Море, решен да ужива во сонцето, солената вода и пазарењето.
Утрово, како што објави МКД.мк, илјадници возила чекаа во долга редица по сите ленти на граничниот премин за да ја напуштат Македонија.
Како што соопшти МВР, во периодот од 10 часот вчера до 10 утрово преку граничниот премин Богородица за излез од Македонија вкупно се пријавиле 12.394 патници.
Колку патници заминале во Грција преку граничните премини Дојран и Меџитлија не се дадени податоци.
Долги редици се очекуваат во недела во попладневните и вечерните часови кога дел од „викендашите“ ќе мора да се вратат дома поради работни и училишни обврски.