ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Претрес и кај член на советот на Јавни Обвинители: Иџет Мемети е...

Претрес и кај член на советот на Јавни Обвинители: Иџет Мемети е осомничен за поткуп

361

Вчера доцна вечерта, по наредба на судија на претходна постапка извршен е во домот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети во Тетово и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители.

Има сомнение дека Мемети заедно со Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро Петрушевски.

Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.