ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тошковски: Камерите за евидентирање на сообраќајни прекршоци ќе профункционираат од 2025 година

Тошковски: Камерите за евидентирање на сообраќајни прекршоци ќе профункционираат од 2025 година

146

Промена на законските решенија е неопходна за да целоснопрофункционираат безбедоносните камери за евидентирање на сообраќајни прекршоци, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во настапот на ТВ 21 тој објасни дека може да се очекува системот „Сејф сити“ да почне да функционира од 2025 година.

-Се уште немаме соодветни законски решенија кои би ни овозможиле ова да го заокружиме. Во текот на наредната година ќе профункционира системот, за почеток на територија на град Скопје, рече тој.

Министерот информира дека во моментов камерите снимаат, но за потребите на МВР, а не да се казнуваат граѓаните.

Тошковски додаде дека веќе почнуваат да се преземаат дејствија во однос на надградба на камерите поставени на сообраќајниците низ Скопје.

-Со одредена измена на законски решенија кои што ни претстојат, сакаме да овозможиме еден европски систем на мониторинг и надзор на сите прекршочни постапки, со цел да го исклучиме човечкиот фактор и да нема индивидуално влијание на Петре, Трајче, Јанко…Имам еден интересен пример: Имам кумашин кој што живее во Германија и работи како доктор. Кога станува збор за возење, кога е во Германија вози како сааат, но кога ќе дојде овде, некако не му е баш едноставно почитувањето на безбедносните сигнали и правила. И кога ќе го прашам зошто, ми вика: Таму не можеш да си играш со законот – ако возиш 53 км на час, те евидентира камерата и ти стига на домашна адреса. После две, три казни и ти ја земаат возачката дозвола. Зошто и ние да не го направиме тоа? Зошто да не го кренеме степенот, рече Тошковски во емисијата „Клик плус“.