ПОЧЕТНА СВЕТ Вучиќ – ти си следен, добил порака претседателот на Србија, испраќачот веднаш...

Вучиќ – ти си следен, добил порака претседателот на Србија, испраќачот веднаш е уапсен

156

Вицепремиерот на српската Влада и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека сомборчанец е уапсен поради закана по безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, Д.М. од Сомбор е уапсен и од страна на полицијата му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Како што објави РТС, Вучиќ на социјалните мрежи напиша дека е шокиран од атентатот и повика на молитви за здравје и закрепнување на „големиот пријател и брат на Србија, Роберт Фицо“, а набрзо потоа под неговата објава се појавија заканувачки пораки, во кои се наведува дека тој ќе биде следната цел.

Државните службеници остро ги осудија заканите упатени до Вучиќ на социјалните мрежи и ги повикаа властите да реагираат.