ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Страшно е двојното убиство во Стајковци, мора да се оди на терапевт...

Страшно е двојното убиство во Стајковци, мора да се оди на терапевт како што се оди на забар и фризер

676

Јавноста во шок по вчерашното двојно убиство во скопско Стајковци, кога 67-годишен маж ги убил братот и снаата.

Според информации на Скопје Инфо убиството е извршено со метална цевка, која била фатална по животот на двете лица.

Неофицијално, лицето го извршило убиството е со нарушено ментално здравје и подолго време се лекувало во здравствена установа. Тоа со тешко телесни повреди е хоспитализирано во скопската градска болница.

Ина Многуфина со коментар за важноста на менталното здравје.

– Страшно е двојното убиство во Стајковци, еднакво страшни се и коментарите под веста со оправдување на чинот.

Менталното здравје е многу важно. Мора да нормализираме одење на терапевт исто ко на забар, фризер, маникир, депилација… Цената е иста. Не дозволувајте животот толку да ве згази со проблеми за да стигнете до таму да се ситите на туѓи трагедии. Има луѓе кои учеле со години како да ве земат за раче и да ви помогнат да го поминете тешкото, порача таа преку објава на својот фејсбук профил.