ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Османи им се жалел на амбасадорите на одлуките на ДИК за прегласување

Османи им се жалел на амбасадорите на одлуките на ДИК за прегласување

116

Демократската унија за интеграција презема и меѓународни чекори за да протестира против одлуката на ДИК за да се изврши прегласување на седум избирачки места, кои можат да го променат распоредот на мандатите.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека се сретнал со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија на кои им изразил загриженост за „компромитирање на изборниот процес“.

„Се сретнав со амбасадорите на САД, Германија, Обединетото Кралство и Холандија. Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес со самоволните одлуки на Државната изборна комисија (ДИК) со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување“, пишува Османи во објавата на Фејсбук.

Тој, исто така, ја изразил и неопходноста од почитување на Охридскиот рамковен договор, Договорот од Преспа и европската иднина на земјата.