ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Утре инагурација на Сиљановска –Давкова, Грција ќе следи дали ќе се употребува...

Утре инагурација на Сиљановска –Давкова, Грција ќе следи дали ќе се употребува уставното име

156

Гордана Силјановска Давкова утре ќе стане првата жена претседател на Македонија. Победничката на претседателските избори, утре ќе даде свечена изјава во Законодавниот дом, со што и официјално ќе биде инаугурирана како шестиот претседател на државата.

Државната изборна комисија денеска и издаде Уверение, а со тоа и официјално според резултатите од претседателските избори одржани на 24 април и 8 мај, Силјановска-Давкова е избрана за нова шефица на државата.

Веднаш по добивањето на официјалниот документ од ДИК, Силјановска Давкова во изјава за МИА, порача дека прогласувањето е круна на изборите.

А додека Давкова се спрема да седне на столчето на актуелниот претседател Пендаровски во вила Водно, на само еден ден пред инаугурацијата за претседател, порака од Атина. Мицотакис е загрижен за спроведувањето на Преспанскиот Договор и употребата на Северна.

Во изјава за грчката телевизија Алфа, порача дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите во земјава се следат со загриженост и затоа со голем интерес го чека официјалниот став на новата власт, за тоа, како ќе се нарекува земјата во официјалните изјави.

Вчера грчкиот професор Јоанис Армаколас – експерт за меѓународна политика, во изјава за телевизија 24 порача – доколку Скопје не го почитува Преспанскиот договор, ќе следи жесток одговор од Атина.

Проф. Иоанис Армаколас од грчката фондација за надворешна политика ЕЛИАМЕП – Кога станува збор за инаугурацијата за новиот претседател во недела, сметам дека Грција ќе следи да види, дали за време на протоколот на церемонијата, ќе се користи уставното име на земјата, или новиот претседател ќе го користи старото име на земјата. Тоа ќе биде нешто што грчката влада ќе го следи и сигурен сум дека ќе има реакции

Новата шефица на државата, Силјановска Давкова, за време на предизборната кампања порачуваше – ако стане претседателка на државата – придавката Северна нема да се најде во нејзиниот речник.