ПОЧЕТНА СВЕТ Нова драма на Евровизија: Холанѓаните го бојкотираат читањето на резултатите, Лорин не...

Нова драма на Евровизија: Холанѓаните го бојкотираат читањето на резултатите, Лорин не сака да го предаде трофејот ако победи Израел

288

Нема крај на драмата и бојкотите во финалето на Евровизија. Британскиот весник „Сан“ пишува дека Лорин, минатогодишната победничка, одбила да го предаде трофејот доколку победи Израелката Еден Голан. Според правилата, 40-годишната пејачка и двократна победничка е должна да настапи во текот на финалето, но Британците известуваат дека таа им се заканила на продуцентите дека нема да го предаде трофејот.

Таа, наводно, е подготвена да го прекрши протоколот и нема да изврши редовно предавање поради конфликтот во Газа и поддршката за Палестина.

Учеството на Израел веќе со денови предизвикува контроверзии, а проблемите започнаа откако ЕБУ побара од нив да го сменат текстот на песната. Израелката била исвиркана на пробите, како и на вечерашниот настап според корисниците на социјалните мрежи, а илјадници луѓе со палестински симболи протестираат пред салата.

Многумина мислат дека Израел не треба да учествува на Евровизија поради Газа, но во петокот Израелката молскавично се искачи на обложувалниците, па дури стана закана и за годинашниот фаворит, хрватскиот претставник Бејби Лазања кој е на првото место.

– Позитивното привлекува позитивно, а негативното привлекува негативно. Ако го бојкотираме или затвораме овој центар на позитивна енергија, казнувајќи милиони за нарушување на мирот на друго место, тоа би било многу деструктивно – изјави пејачката пред само два дена.

По неа на Инстаграм се огласија и Холанѓаните. Ники Де Јагер, нивната ѕвезда, ја испрати следнава порака:

– Тоа требаше да биде остварување на мојот сон. На крајот решив, заедно со АВРОТОС (холандската јавна телевизија), дека нема да ги читам бодовите на холандското жири во живо на преносот. Како и многу други, очекував вечерва да биде нешто сосема поинакво. Да се ​​надеваме дека музиката навистина ќе нè зближи во иднина – порача таа преку приказна на својот инстаграм – профил.