Борусија Дортмунд славеше и на гостувањето кај ПСЖ со 1-0 во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) и се пласира во финалето на елитното европско натпреварување.
ПСЖ напаѓаше во текот на целиот натпревар, но немаше среќа бидејќи неколку пати ја погоди рамката на голот на голманот Кобел, по што казната стигна во 50. минута кога Матс Хумелс погоди за 1-0.
Јулијан Брандт испрати одличен центар-шут во казнениот простор на „светците“, по што Хумелс беше највисок во скокот и ја затресе мрежата на ПСЖ. Ова ги разбуди домаќините кои тргнаа уште пожестоко во нападот, но повторно рамката од голот беше сојузник на „милионерите“.
Во второто полуфинале во ЛШ ќе играат Реал Мадрид и Баерн Минхен, а мечот е закажан за утре од 21 часот во Шпанија.