Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп во организација на клубот „Брејк а Лег“. Повеќе од 4.500 натпреварувачи, од над 30 земји од 5 континенти ќе ја посетат Македонија и ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории.
„Со ова Светско првенство се промовира македонската култура, уметност и традиција а ќе понуди одлична програма за љубителите на танцот и на сите граѓани. Студиото ‘Брејк а Лег’ има освоено бројни награди на меѓународни натпревари што е потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини“, порача градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.