ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Приведени две лица за напад на малолетна ќерка и сестра

Приведени две лица за напад на малолетна ќерка и сестра

180

Двајца неготинци синоќа биле лишени од слобода поради напад врз малолетната ќерка и сестра, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

„Во 23.10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Г.З., на возраст од 50 години и В.З., на 24-годишна возраст, двајцата од овој град, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнале нивната малолетна ќерка и сестра. Г.З. и В.З. биле задржани во полициска станица, известени биле јавен обвинител, Центарот за социјални работи. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, појаснуваат од СВР Велес.